Крстот во Бутел ќе се гради, Владата дематира дека ја поништила одлуката

Владата на Република Македонија денеска ги демантира информациите дека синоќа одржала седница и дека е поништена одлуката на општина Бутел за изградба на крстот.

-Во целост ги демантираме дезинформациите кои се појавија во некои медиуми дека наводно Владата донела одлука со која што наводно се поништила одлуката на општина Бутел за изградба на крстот.
Тоа е тотално неточно и невистинито. Владата нема донесено таква одлука, ниту пак вчера има одржано седница, стои во соопштението од Владата.

Вчера порталот на албански јазик Албеу објави, а повеќе медиуми ја пренесоа таа информација, дека, наводно, на вонредна седница Владата ја поништила општинската одлука за поставување крст.