ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака професионализам во медиумите, туку целосна контрола врз нив

Синоќа телевизиите кои според стандардите на СДСМ се професионални и избалансирани, ја продолжија битката за тоа која ќе отстапи максимален простор за лагите и манипулациите од фабриките за афери на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ви го приложуваме интегрално соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Нови 4000 секунди за пропагандата на СДСМ на два национални тв концесионери во само едно попладне.
Синоќа телевизиите кои според стандардите на СДСМ се професионални и избалансирани, ја продолжија битката за тоа која ќе отстапи максимален простор за лагите и манипулациите од фабриките за афери на СДСМ.
Телевизија 24 Вести очекувано повторно е на врвот и во централните вести во 6 прилози одвои 823 секунди за пласирање на измислиците од Бихаќка и неаргументираното напаѓање на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Посветеноста на ТВ 24 Вести кон СДСМ не заврши тука, па истата во дебатна емисија одвои 2700 секунди медиумски простор во кој се артикулираше пропагандата на СДСМ, а неосновано се напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ.
Телевизија Телма повторно заостанува зад 24 Вести, но не премногу за да би се загрижиле за статусот на добра телевизија според стандардите на СДСМ: 505 секунди во 4 прилози од централниот дневник беа доделени за промоција на измислиците од фабриките за афери СДСМ и истовремено напаѓање врз ВМРО-ДПМНЕ без аргументи.
Вакви бројки имаат медиумите кои според СДСМ се квалитетни и избалансирани. Сите други медиуми кои нема да посветат илјадници секунди секоја вечер на лагите и манипулациите од Бихаќка се на списокот на непријатели на СДСМ кои треба да бидат казнети со одземање на лиценци, како што предлага тоталитарниот закон на Заев и СДСМ.
Или ќе ги шириш на големо хрониките од фабриките за афери на СДСМ, или ќе се најдеш на списокот на медиуми кои треба да бидат отстранети – тоа е логиката на СДСМ.
Порталите кои за СДСМ се квалитетни, професионални и избалансирани, како што се Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова Тв и редица други кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на СДСМ, со несмалено темпо опстојуваат на нормата за дневно штанцање текстови во поткрепа на измислиците од Бихаќка – во 130 текстови вчера се промовираа манипулациите на СДСМ, а 90 текстови беа посветени на бесмислени напади кон ВМРО-ДПМНЕ.
Лицемерие од врвни размери е кога СДСМ зборува за медиумски мрак, неизбалансирано известување и правична застапеност во услови кога десетици портали и телевизии синхронизирано работат на ширење на лагите и манипулациите од фабриките за афери на СДСМ, како што беа аферите со личните карти, пасоши, возачки дозволи.
СДСМ преку медиумските експоненти ги пласира ваквите свои фабрикации, бидејќи освен тоа СДСМ не знае и не може да сработи ништо за да може да побара доверба од граѓаните на избори. Измислените афери им пукаат како меур од сапуница, но СДСМ само продолжува да измислува нови и нови. Медиумската поткрепа од т.н. фер и избалансирани медиуми никогаш не изостанала.
Преку ваквите медиуми СДСМ редовно бара професионализам од медиумите кои не доделуваат илјадници секунди секој ден на измислиците на СДСМ и од нив бара регулација која ќе е по терк на стандардите од Бихаќка. Непослушните медиуми веднаш се наоѓаат на ѕидот на политичките непријатели на СДСМ. Апсурд од невидени размери.
СДСМ не сака професионализам во медиумите, туку сака целосна контрола врз нив за да може да ги пласира своите лаги и манипулации од фабриката за афери.
Останува непознато колку ја чини СДСМ ваквата промоција? Истражните органи треба да утврдат дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закони како и за останатите граѓани, односно дали им се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или се плаќа под маса од црните фондови на СДСМ?