Поради поплавите вонредна состојба во 11 општини во Србија

Вонредна состојба е прогласена во српските општини Чачак, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Ивањица, Бајина Башта, Краљево, Рашка, Нови Пазар и Љиг поради загрозеноста од поплави .

Вонредна состојба е прогласена поради обилните врнежи кои почнаа вчера.

Директорот на претпријатието „Србијавода“ Горан Пузовиќ вели дека облачноста се преместила кон централна и Јужна Србија, каде се очекуваат врнежи и лесен пораст на сите водотеци во централна Србија, а во зависност од количината на врнежи и на Јужна и Велика Морава.