петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 27

Само 12 отсто жени има на менаџерски позиции

Валентина Дисоска, претседател на Здружение на бизнис жени, укажува дека кај жената има суштински проблеми за развивање бизнис заради стереотипите и поставеноста од родното огниште каде таа уште од старт нема доволно имот за да почне свој бизнис.

Само 12 отсто жени има на менаџерски позиции

Само 12 отсто жени има на менаџерски позиции

Последни вести

Жените во Македонија се доволно еманципирани и самоуверени да почнат бизнис, но немаат доволно почетен капитал. Над 30 проценти од новите фирми во приватниот сектор се отворени од жени, кои се застапени со 12 проценти на менаџерски позиции. За развој на женското претприемништво е потребна финансиска поддршка преку државни програми.

Тоа се дел од ставовите изнесени на конференција „Жени на лидерски позиции: Предизвици и стратегија за нивно надминување“, што се одржа денеска во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Валентина Дисоска, претседател на Здружение на бизнис жени, укажува дека кај жената има суштински проблеми за развивање  бизнис заради стереотипите и поставеноста од родното огниште каде  таа уште од старт нема доволно имот за да почне свој бизнис.

– Бизнисот не може да се дели на машки и женски. Меѓутоа сите стереотипи, фамилијарното, грижата за семејството, грижата за децата сето тоа ни прави родово неизбалансирано општество за да може жените да прават развој во бизнисот,  наведува Дисовска.

За жал, посочува, нема голем број жени на менаџерски позиции.

– Имаме околу 12 отсто жени на менаџерски позиции, меѓутоа ако земеме предвид дека повеќето се во институции и установи, како што се школи, градинки итн., ќе сфатиме дека во приватниот сектор ни недостасуваат жени на управувачки позиции, а уште помалку имаме жени на раководни позиции во поголемите компании, изјави Дисоска.

Според неа, жената во Македонија е доволно самоуверена и еманципирана да почне бизнис, но има проблем со тоа дека не знае како да раководи. Најмногу од се сакаат да започнат свој бизнис за она што знаат да го работат, меѓутоа немаат познавање како сето тоа да стават во еден тек за да можат да го развијат својот бизнис, појаснува Дисоска, апелирајќи воедно за зголемување на свесноста на работодавачите да ги заштитат правата на жените.

Данела Арсовска, претседатал на Сојузот на стопански комори (ССК), наведува дека најголемиот број микро и мали претпријатија се раководени од жени, а 30 проценти од новите помали компании се отворени од жени. Жените се подготвени да водат бизнис но, посочува Арсовска, им недистигаат ресурси за почнување.

– Женското претприемништво во Македонија за жал е на незавидно ниво, а во останатите држави во регионот и во Европа имаат специфицирани програми каде што на жените им се помага да ја надминат првичната позиција од аспектот на бизнисот. Во РМ тоа е се уште на некое почетно ниво и првите обиди ги гледаме од Министерството за економија каде што има обиди за финансирање женско претприемништво. Меѓутоа, тоа е во незначителна мера од аспект на тоа колку треба да се поддржи ова претприемништво во Македонија, вели Арсовска.

Според претседателот на Бизнис конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, во Македонија суштински и законски не постои никаква поделеност во поглед на машкиот и женскиот бизнис. Жените, порачува, треба да преговарат за еднаковост и во платите и функциите.

– Во Управниот одбор на бизнис конфедерацијата на Македонија има повеќе жени и горди сме на тоа. Некои истражувања на Меѓународната организација на трудот покажуваат дека има разлики во однос на платата меѓу мажите и жените, меѓутоа сметам дека треба да преговараат за еднаквост и во платите и во функциите, изјави Бошков.

Најчитани вести