четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 66

Аневски: Јанева повторно покажа непочитување кон СЈО

Се надевам дека во среда ќе биде присутна и ќе може да ни одговори на прашањата. Тоа е нејзина должност, рече Аневски.

Аневски: Јанева повторно покажа непочитување кон СЈО

Аневски: Јанева повторно покажа непочитување кон СЈО

Последни вести

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски изјави дека специјалната обвинителка Катица Јанева денеска не присуствувала на седницата на која на дневен ред беше Извештајот за работата на Специјалното обвинителство и оти затоа не бил разгледуван. Јавно ја покани Јанева да дојде на седницата на СЈО закажана за 23 март.

-И овој пат Јанева покажа непочитување спрема СЈО, како и претходно кога ги запираше јавните обвинители да дадат свечена  изјава. Ова неколку пати и се повторува и се надевам дека во среда ќе биде присутна и ќе може да ни одговори на прашањата. Тоа е нејзина должност, рече Аневски.

Според него, став на СЈО е на презентацијата на годишните извештаи да бидат присутните првите луѓе на обвинителствата.

– Уште од лани е ова, не е сега ново да бидат присутни. Не можеме да ги донесеме насила, меѓутоа да не испадне да донесеме заклучоци дека не се точни или слично, рече претседателот на СЈО.

Аневски рече дека во Извештајот што Јанева го доставила до СЈО има доста нејасностии и оти членовите исто така се интересирале за одредени проблеми кои не се наведени.

Најчитани вести