Тешка сообраќајка во Кисела Вода, загинаа двајца браќа

Тешка сообраќајка во Кисела Вода, загинаа двајца браќа
Тешка сообраќајка во Кисела Вода, загинаа двајца браќа

Попладнево, околу 17 часот возило со голема брзина удрило во автобус на ЈСП, на улицата „Христо Татарчев“, на патот кон Припор, објави Телеграф.мк

Во возилото, марка „рено“ имало две лица, на возраст од 30 години. Според очевидци, поради големата брзина со која се движеле возачот не можел да запре навреме, се извртел и странично удрил во автобусот на ЈСП, од линијата број 24. Двајцата од возилото загинале на самото место. Неофицијално се работи за браќа близнаци.

Била ангажирана и пожарникарска екипа за да асистира во вадењето на телата од уништеното возило. Речиси два часа им биле потребни на пожарникарите за да ги извадат телата на загинатите, на кои биле видливи повеќе повреди и биле облеани во крв.

Според информации од МВР на повреди се пожалила и патничка од автобусот, но, нејзините повреди биле од полесна природа.