
Специјалното јавно обвинителство поведе нова истражна постапка под име „Тврдина“, поврзана со уништувње на опрема за следење на комуникации кои се во сопственост на МВР.
Предметот овој пат го презентираше обвинителката Ленче Ристоска, која посочи дека осомничени се петмина, двајца началници од Одделот за безбедност и контраразузнавање при МВР, поранешнот министер за внатрешни работи и уште двајца службеници во МВР.
Според кривичната постапка поврзана со неовластеното следење на комуникаиите, Ристовска посочи дека кога на почетокот на 2015 година Кривичниот суд утврдил дека прислушувањата се спроведувани преку техничките капацитети на МВР, првоосомничето лице дал усна наредба за уништување на системите за следење на комникација поради техничка застареност.
Според неа, заедно со тогашниот министер за внатрешни работи на почетокот на 2015 пречекорувајќи ги надлежностите и искористувајќи ја својата положба со еден началник на еден од одделите во МВР уништиле два системи за следење на комуникации со проценета вредност од околу 10 милиони евра.
Системите од функција се исклучени на 27 март 2015, а ден потоа, заедно со друга технички застарена опрема се однесени на уништување на отпад. На 28 мај 2015 година, изготвен е извештај за тоа и е предаден до тогашниот министер за внатрешни работи.
СЈО ги товари осомничените за злоупотреба на службена дејност и фалсификување на службени документи. Според излагањето на Ристовска, петоосомничената која била службеничка во МВР, фалсификуала службени списи со нови дописи и евиденции за случајот, кој бил заведен во деловодна книга кон крајот на 2014, со нов архивски број.
Претходно СЈО побара сослушување на првоосомничениот, како и претрес во неговиот дом и одредување мерка притвор, што не беше прифатено од судија на претходна постапка. Во однос на другите четири осомничени во случајот, СЈО пбарало само мерки за претпазливост и одземање на пасош.
Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека издало покана првоосомничениот во текот на денешниот ден да се јави во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството за притвор, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука.