ВИДЕО: Заложничка драма во Москва

Вооружено лице упадна во банка во Москва и држеше осум заложници.

Осум клиенти и членови на персоналот биле заробени во просториите на банката, во источниот дел на Москва, а киднаперот веднаш потоа ослободил пет лица, пренесуваа руските медиуми.

zaloznicka-drama-moskva

Засега неидентификуван човек во објектот извадил огнено оружје, упаднал во канцелариите и побарал да му се исплатат пари.

Според неофицијалните информации, напаѓачот влегол во банката, по што вработените ја алармирале полицијата, а тој се забарикадирал во една од канцелариите, грабнувајќи осум лица.

Специјалните полициски единици се испратени на местото на инцидентот.