Шпагети со песто сос и босилек

Состојки:

400 г шпагети
30 г босилек свеж
2 лажици ореви мелени
1 парче лук
2 лажици пармезан рендан
60 мл. маслиново масло
пармезан за сервирање

Приготвување:

Сварете ги шпагетите според инструкциите од пакувањето.

Исцедете ги. Во блендер додадете ги пармезанот, лукот, оревите и босилекот и блендирајте. Постепено додавајте го маслото и продолжете со блендирање. Помешајте ги шпагетите со подготвениот песто сос и сервирајте. Одозгора додадете пармезан по желба.