25 лица загинаа во бомбашки напад врз џамија во Сана

25 лица загинаа во бомбашки напад врз џамија во Сана
25 лица загинаа во бомбашки напад врз џамија во Сана

Најмалку 25 луѓе загинаа, а десетици се повредени во терористички напад врз шиитска џамија во Сана за време на молитва за денешниот муслимански празник Курбан Бајрам.

Двајца напаѓачи активирале експлозив што го носеле на себе во џамијата Балили во близина на полициска академија во квартот Сафија во јеменскиот главен град, кој веќе една година е под контрола на шиитските бунтовници Хути.

Во изминатите месеци во Сана се извршени неколку напади врз шиитски џамии за кои одговорност презеде Исламска држава.