среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 6

Поднесена кривична пријава против Ременски

Користењето на возилата, за кое Ташевска Ременски прави политички маркетинг се врз основа на склучен договор и е во рамки на Законот и е поткрепено со документација. Исто така и вработувањата во министерството за труд и социјална политика се во рамки на предвидените законски процедури, се вели во реакцијата на Кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјалана политика, Диме Спасов.

F.Remenski

Последни вести

Денешната изјава на Фросина  Ташевска Ременски во која искажа низа манипулации и лаги покажува во колкава паника се наоѓа пред заминување. Навредите и клеветите се нејзин обид да го прикрие сето незаконско и несовесно работење кое го направи во мандатот за кое до сега и се поднесени  тужби и   кривични пријави, се вели во реакцијата на Кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјалана политика, Диме Спасов.

Користењето на возилата, за кое Ташевска Ременски прави политички маркетинг се врз основа на склучен договор и е во рамки на Законот и е поткрепено со документација. Исто така и вработувањата во министерството за труд и социјална политика се во рамки на предвидените законски процедури.

Немајќи резултати во својата работа, на Ташевска Ременски и остана само да измислува афери. Но секако граѓаните ќе ја паметат како најдеструктивен министер кој кочеше проекти во интерес на граѓаните и спроведуваше тортура врз вработените. Токму поради тоа против нејзе се поднесени 2 кривични пријави, 20 тужби и 2 прекршочни пријави за незаконско работење и злоупотреба на службена должност и направени прекршоци.

Во однос на денес изречените навреди и клевети ќе и биде поднесена тужба како и кривична пријава за лажно пријавување како и за сокривање на документација во министерството за труд и социјална политика.

Доаѓа време кога ќе биде извршена целосна ревизија на работењето на техничката министерка и во првиот и во вториот мандат за што постојат докази и аргументи.

Најчитани вести