382 јавувања за два дена на Ало докторе!

На телефонската линија за медицински совети 15123 или Ало докторе! изминативе два дена имало 382 јавувања, соопштуваат од ЈЗУ „Здравствен дом“-Скопје.

Најчести совети кои биле барани се за кардиоваскуларна и респираторна симптоматологија,симптомна болка и медицински совет за најмалите –дечињата кои во периодов поради променливите временски услови имаат проблем со покачена телесна температура и настинки.

Во кол центарот на ало докторе ! Од 18 до 22 часот ,денеска на 12.11.2014 година ќе биде дежурен и достапен за медицински совет или информации доц. Др .Славчо Стојменски директор на Клиниката за трауматологија, a на 13.11.2014 година др.Сузана Двојаковска директор на Клиниката за максилофацијална хирургија.