Српската дијаспора во изминатите четири дена, собрала 200.000 евра донација за поплавените во Обреновац и околните села, Мали Зворник, Бајина Башта, Крупањ, Смедеревска Паланка, Парачин, како и за прифатилиштата во Белград.

Првиот контигент помош од дијаспората е упатен и во загрозените подрачја во Република Српска.

Хуманитарната организација „Срби за Срби“, која брои повеќе илјади членови, иницирала голема акција за помош на загрозените домаќинства во Србија, чиј имот е погоден од најголемата елементарна непогода во последниве 100 години.