50,5 отсто од потребите за енергија Македонија го задоволила од домашни фирми

Македонија лани од своето примарно производство обезбеди 50,5 отсто од вкупните потреби за енергија или 1.373.408 од вкупно потребната енергија од 2.721.727 toe (мерка за енергија што се користи во статистиката), односно 1 toe е еквивалент на 1 GJ (гигаџул) x 0,238.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголеми финални потрошувачи на енергија во 2013 година беа индустријата со 31 отсто, сообраќајот со 27,5 и домаќинствата со 25 отсто.