среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Четири нови дисперзирани канцеларии на Агенцијата за вработување

vrabotuvanje

Последни вести

Со цел да ги доближи своите услуги до невработените и работодавачите Агенцијата за вработување ќе отвори уште четири дисперзирани канцеларии.

Новите канцеларии ќе бидат отворени во Злетово, Чашка, Конче и Самоков, за започнуваат со работа утре.

Канцеларијата во Злетово ќе се наоѓа во поранешната зграда на локалната самоуправа, во Чашка ќе биде лоцирана на улицата „8-ми Септември“ бб во близина на општинската зграда, а во Конче и во Самоков во општинските згради.

Во изминатиот период вакви канцеларии беа отворени и во други градови низ државата со цел услугите што ги нуди Агенцијата за вработување да им бидат подостапни на граѓаните.

Најчитани вести