Алек Болдвин уапсен поради возење велосипед во погрешна насока

Поради пребрзо возење во погрешна насока со велосипед и не носење лична карта, уапсен е американскиот актер Алек Болдвин.

Полицијата го сопрела актерот бидејќи возел во спротивен правец на Петта авенија, му ставиле лисици и го привеле.

Неименуван извор за „Ин тач“ изјавил дека полицајките го запреле бидејќи возел велосипед во погрешна насока. Кога полицајката му побарала лична карта тој ја немал кај себе. Полицајките го привеле поради недолично однесување.

Според изјавите на очевидци 56-годишниот актер бил смирен и не зборувал при приведувањето.

Тој е  пуштен на слобода, но, не се знае дали против него ќе биде поднесена некаква прекршочна пријава.