АМСМ: Возете внимателно поради маглата и влажните коловози

Сообраќајот на сите  патишта низ земјата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Појава на магла со видливост од 20 до 100 метри има во Кочани, Штип, ,Сарамзалино, Велес, Кула, Петровец, Тетово, Гостивар, Стража,Прилеп, Битола, Куманово, Страцин, Охрид и Струга.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.