Анџелина Џоли денеска во Идомени

Џоли се очекува да пристигне во кампот околу 15 часот по локално време.

Првично се очекуваше таа да оди во посета на островот Лезбос, каде има најголем дел од бегалците што пристигнуваат директно од Турција во Грција, меѓутоа во последен момент плановите се сменија и таа ќе замине за Идомени.

Според грчкото координативно тело, до утрово се регистрирани 43.407 бегалци низ целата држава заедно со островите.

Најголем број од бегалците се во северна Грција – вкупно 21.575 ,од кои 10.500 се регистрирани во кампот во Идомени.

На островите, пак, има 8.648 бегалци, од кои 4.788 се на Лезбос.

Во Атина и во нејзината околина има речиси 12.000 бегалци.