Антиќ го заврши настапот во плејофот

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговата Атланта синоќа беа елиминирани во плејоф серијата во НБА лигата. “Јастребите” во мајсторката на гостински терен беа совладани од Индијана со 92:80 (4:3 во победи). Антиќ за 21 минута на паркетот не успеа да се запише во листата на стрелците , притоа забележувајќи само 4 скока, една асистенција и две украдени топки.

Противник на Индијана во полуфиналето на плејофот ќе биде тимот на Вашингтон.

Во полуфиналето на плејофот во Западната конференција се пласираа и кошаркарите на Оклахома со триумфот над Мемфис со 120:109. Оклахома до победата ја предводеше Кевин Дурант со 33 поени.

Резултати: Индијана – Атланта 92:80 ( 4:3), Л. А Клиперс – Голден Стејт 126:121 (4:3), Оклахома – Мемфис 120:109 (4:3).