АП: Околу 400 борци на ИД се истренирани за напади врз Европа

Терористичката организација Исламска држава истренирала најмалку 400 борци на кои цел ќе им биде Европа, дознава АП.

Тие имаат наредби да изберат време, место и начин за напад со цел да предизвикаат колку е можно поголем број жртви, наведува агенцијата.

Мрежата од полуавтономни и агилни ќелии го покажува дометот на ИД во Европа дури иако организацијата губи територии во Сирија и Ирак.

Властите, меѓу кои има лица од европските и ирачките разузнавачки агенции, како и една француска претставничка што ги следи мрежите на џихадистите, ги опишува камповите за обука во Сирија, Ирак и веројатно во поранешниот советски блок, каде напаѓачите биле обучувани за напади врз Западот.

Француската сенаторка Натали Гуле наведува дека проценките за бројот на исламисти се движи од 400 до 600 борци коишто конкретно се обучени за надворешни напади.

Заправо, кога точно би знаеле колку борци има, сето ова не би се случувало, наведува таа.

Друг претставник на безбедносните служби наведува дека се променил начинот на обуката која во 2014-тата траела само неколку седмици, а сега стратегијата се променила.

Формирани се специјални единици, а обуката трае подолго, при што целта е да се изведуваат колку е можно повеќе терористички операции со цел непријателот да биде приморан да потроши колку е можно повеќе пари и луѓе, вели тој.