Апсење во Нови Сад: Спреч шверц на оружје кон Франција

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави денес дека е пресечен голем синџир на шверц на оружје кон Франција преку апсењето на двајца српски државјани во најновата акција на полицијата во Нови Сад, пренесува српски „Блиц“.

Запленети се два пушкомитралези, три килограми експлозив, два автомати и муниција. Министерот за РТС изјави дека до апсењето дошло синоќа во доцните вечерни часови, а дека акцијата што траела неколку месеци ја спровела новосадската полиција со Жандармеријата.

sverc-oruzje-novi-sad-2

-Затоа што како регион од 90-тите години сме изложени на големо количество оружје и муниција што илегално се користат мислам дека ова е една од важните пораки за граѓаните да не користат илегално оружје затоа што се предвидени високи затворски казни, изјави Стефановиќ.