недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 47

Арсовска Томовска: Се зголемува бројот на ИКТ компаниите во земјата

Просечната нето плата во дејноста компјутерско програмирање во јануари 2017-та изнесувала 54 илјади денари, односно повеќе од двојно од просечната месечна исплатена плата во државата

marta arsovska tomovksa

Поврзани вести

Во моментов во Македонија работата 1.680 компании од ИКТ секторот од кои 67 започначе да функционираат во првите четири месеци од годинава, што претставува десеткратно згилемување, изјави во средата министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на отворањето на Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“, кој има за цел поврзување на работодавачите со студентите, а e во организација на студентските парламенти на ФИНКИ и ФЕИТ.

 

„Според податоците на Централниот регистар, бројот на компании во земјата регистрирани во дејностите трговија со компјутери, опрема и софтвер, телекомуникациски дејности, компјутерско програмирање, компјутерски консултански дејности, обработка на податоци, хостирање и останати услуги во врска со информатичката технологија, или ИКТ компании, во моментот изнесува 1.680, од кои дури 67 се отворени во првите четири месеци од оваа година. Ова значи десеткратно зголемување на бројот регистрирани субјекти во овие дејности, доколку се спореди со состојбата од пред десет години“, истакна Арсовска Томовска.

 

Министерката потенцираше дека програмерите се најбараните ИТ профили на пазарот на трудот во Македонија. но и во светот, додавајќи дека просечната нето плата во дејноста компјутерско програмирање во јануари 2017 година изнесувала 54 илјади денари, што е повеќе од двојно од просечната месечна исплатена плата во државата.

 

„ИКТ професионалци се вработуваат и во сите останати дејности, и тоа сѐ помасовно, па речиси и да не постои компанија со над 20 вработени којашто нема вработено информатичар. Во моментот на пазарот на трудот се регистрирани само 401 формално невработено лице, активен барател на работа, со диплома од областа на информатиката, што е само 2 промила во вкупната стапка на невработеност во земјата. Прашање е дали истите не се некаде неформално вработени”, додаде Арсовска Томовска.

 

Посочи дека сѐ поголемиот број технолошки компании во земјава, како и нивните зголемени потреби и предизвици да обезбедат доволно работна сила, иако се индикатор за моќта и силата на ИТ секторот, ако правилно и навремено не се адресираат, можат да станат пречка за идниот развој на оваа област и за позицијата која нашата земја ја има во регионот. „Затоа мораме заедно да работиме да произведеме повеќе и подобри информатички кадри“, рече Арсовска Томовска.

Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“ се одржува по четврти пат и ќе трае до 21. април. Вкупно 19 компании ќе се претстават во кампусот на техничките факултети (Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, Машинскиот факултет – МФС и Техничко-металуршкиот факултет – ТМФ). За времетраењето на саемот, ќе бидат организирани бесплатни едукативни модули преку кои студентите ќе дознаат како правилно се пишуваат професионално CV и мотивационо писмо, а ќе биде организирана и симулација на интервју, еден на еден.

Најчитани вести