Атанасов: Генералниот секретар на ДИК организира избори, а сопругата на листа на СДСМ

Сопругага на генералниот секратар на Државната изнорна комисија (ДИК) е кандида за советник на листата на  СДСМ за Град Скопје, што претставува нов скандал кој ја подтврдува спрегата меѓу организацијата задолжена за организирање на изборите со  партија на власт, изјави на прес-конференција Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено Љубица Јанчева која е втора на советничката листа за град Скопје од СДС е сопруга на Генералниот секретар на Државната изборна комисија Добре Јанчев. Во овој случај постои очигледен судир на интереси. Значи Генералниот секретар на ДИК во секоја одлука ќе фаворизира и ќе работи во насока на интересите на својата сопруга и нејзината политичка опција СДС. Значи сопругот организира избори, а сопругата ја избираат за советник. Ова е врв на непотизам и судир на интереси, рече Атанасов.

Нагласи дека ова е круната на пристрасноста на ДИК која сега ни е јасно зошто ги толерира бројните престапи.

„Имаме случаи κаде што пρетседатели на општинсκи избоρни κомисии се слиκаат во пρвите ρедови на паρтисκи κонфеρенции и агитиρаат на теρен за паρтисκи цели на СДС. Дали и поκρај овој сκандал ДИΚ ќе пρодолжи да молчи? Јавно го пρашуваме Чичаκовсκи κоја е цената на ова молчење? Зошто пρодолжува да се става во фунκција на Зоρан Заев и неговиот незаκонсκи начин на владеење?“, рече Атанасов.