Атина предлага формирање на германско-грчка комисија за репарациите

Германското министество за надворешни работи доцна вчеравечер објави изјава на министерот Франк – Валтер Штајнмаер за средбата со грчкиот колега Коциас во која тој признава дека има проблеми меѓу двете земји и дека тие треба да бидат надминати, пренесува МИА.

„Не смееме да дозволиме несомнено големите и тешки прашања кои што мораме да ги решиме заедно да  ја  загрозат цврстата основа на германско – грчките односи“, се вели во изјавата на Штајнмаер според кого мора да се зајакне меѓусебното разбирање и не смее да се дозволи големиот потенцијал во соработката меѓу двете земји да биде неискористен.

„Се договоривме заедно да ги разгледаме билатералните односи меѓу Германија и Грција и да разговараме за нивниот понатамошниот развој во иднина“ , се вели во изјавата на Штајнмаер по корисната официјална вечера на која што двајцата министри го подготвувале теренот за денешната средба меѓу Меркел и Ципрас.

Грчкиот министер Коциас во изјава за Дојче Веле рекол дека со својот домаќин разговарале за долгото пријателство и заеднички интереси а според него најважно е што „двајцата се обиделе да ги разберат позициите и да ги надминат стереотипите кои што постојата на двете страни“.

„Грција има за цел прашањето за воените репарации да биде надминато со политички наместо со правни мерки“, изјавил Коциас за весникот „Зидојче Цајтунг“. Коциас на средбата предложил формирање на совет на експерти од двете земји за се надмине спорот меѓу двете земји околу репарациите.

Според анализите на европските институции Грција има уште само 15 дена да постигне договор со кредиторите меѓу кои најголем е Германија за дојде до свежи пари и да избегне државен банкрот.

фото: МИА