Свет

Авион на „Џерман вингс“ непланирано слета во Венеција

Авион на „Џерман вингс“ непланирано слета во Венеција

Авион на германската авио-компанија Џерман вингс беше принуден непланирано да слета во Венеција откако на една патничка и член на екипажот им се слоши.

Авионот на летот 03882 од Хановер до Рим беше пренасочен на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција, каде патниците слегоа и им било кажано да чекаат во делот за заминување, информира „Индепендент“.

Италијанските медиуми ја пренесуваат изјавата на професор од Рим, кој изјавил дека на патничката која седела зад него и била потребна помош поради „страв од летање“ и „вознемиреност“.

– Кога авионот слета, капетанот ни кажа дека на еден член на екипажот и на една патничка им се слошило и поради тоа одлучил да слета на „Марко Поло“, изјави професорот.

Од Џерман винг демантираат дека станувало збор за итна ситуација, но го потврдија непланираното слетување во Венеција.

– Две лица, патник и член на екипажот имаа силни мачнини и им беше потребна медицинска помош, се наведува во соопштението.