Авионска дезинсекција утре во сите општини

Авионска дезинсекција на поплавените подрачја
Авионска дезинсекција на поплавените подрачја

Авионска дезинсекција ќе биде спроведена утре изутрина од 5 до 8 часот на подрачјата на девет центри за јавно здравје и тоа во Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на оние кои беа зафатени со поплавите.

Согласно Акцискиот план за спречување појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од март до септември се преземаат активности за авионска дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја, стои во соопштението на министерството.

Лицата кои чуваат пчели треба навремено да ги преземат потребните мерки за нивна заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа по прскањето.

Во Скопје ќе се прска против комарци

Во Скопје ќе се прска против комарци
Во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд ќе почне четвртиот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција во 2015 година против комарци на подрачјето на град Скопје, односно:

  1. Четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 22.08.2015 (сабота) и 23.08.2015 (недела), во период од 05.30 до 08.00 часот.
  1. Четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 23.08.2015 до 27.08.2015 (од недела до четврток), во период од 23.00 до 04.00 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.