Австралија: Полицијата уапси пет лица осомничени за тероризам

Полицијата во австралискиот град Мелбурн денеска во рамки на голема антитерористичка акција, уапси пет лица на возраст од 18 и 19 години, осомничени за тероризам, објави МИА.

Двајца од уапсените се товарат дека планирале терористички напад врз безбедносните служби во земјата.

Според телевизијата  Еј-Би-Си, во рамки на антитерористичката акција полицијата извршила претрес во неколку домови во југоисточниот дел на Мелбурн.

Полицијата соопшти дека уапсените тинејџери биле поттикнати од активностите на џахадистичката група Исламска држава и дека планирале голем терориситчки напад во време на одбележувањето на стогодишнината од Битката на Галиполе во Првата светска војна, што ќе се одржи на 25 април.