Автобус се заби во куќата на Цеца Ражнатовиќ!

Вистинска драма се одвивала синоќа во улицата Љутице Богдана во Белград. Најверојатно поради лошите услови на патиштата, кои ги предизвика снегот, возачот ја изгубил контролата над градскиот автобус, и удрил во ќуката на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Столбот на куќата бил урнат, причинетата штета е голема и на автобусот и на куќата. Автобусот го урнал столбот на куќата и запрел на блискиот паркинг. Двајца патници се полесно повредени.

 

Фото: Блиц.рс