Азард не се замара со новинарските шпекулации

И покрај постојаните шпекулации дека ќе си замине од “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок и ќе биде продаден на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азард откри дека не се замара со новинарските шпекулации и дека е фокусиран на престојниот Мундијал во Бразил.

„Секој кој добро ме познава знае дека јас многу не се замарам со новинарските шпекулации, дека тие немаат никакво влијание врз мене. Секоја година ме селат во некој друг клуб, но тоа е нешто нормално во фудбалскиот свет. Јас целосно сум фокусиран на престојниот Мундијал во Бразил. Свтското првенство има многу поголемо значење отколку новинарските шпекулации”, изјави Азард.

Фудбалските медиуми во Фрација и Англија се убедени дека крилниот напаѓач на Челзи ќе биде продаден на ПСЖ и тоа за рекорден трансфер од 74 мил. евра.