Спорт

Баерн го прегази Шахтјор со 7:0, ПСЖ и без Ибрахимовиќ успеа да обезбеди пласман во 1/4 финалето

Баерн го прегази Шахтјор со 7:0, ПСЖ и без Ибрахимовиќ успеа да обезбеди пласман во 1/4 финалето

Екипите на Баерн Минхен и на Пари Сен Жермен се пласираа во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа беа поуспешни од своите ривали во осминафиналето.

Баерн на свој терен со 7:0 го совлада украинскиот шампион Шахтјор Доњецк и по нерешените 0:0 во Украина тоа е вкупниот резултат на овој двомеч кој убедливо го добија Баварците.

Головите за Баерн ги постигнаа Томас Милер (4. и 51.минута), Џереми Боатенг (34), Франк Рибери (49), Холгер Бадштубер (63), Роберт Левандовски (75) и Марио Геце (87).

Украинскиот тим од третата минута играше со играч помалку, бидејќи Кучер заработи директен црвен картон откако го собори Геце во казнениот простор.

ПСЖ во Лондон по продолженија одигра 2:2 против Челзи, а со оглед на тоа дека во Париз беше 1:1, францускиот тим се пласираше во четвртфиналето.

Во вторникот пласман меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување обезбедија Реал Мадрид и Порто.

На 17 март ќе играат: Монако – Арсенал (3:1) и Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (0:1), а на 18 март двојките се: Барселона – Манчестер Сити (2:1) и Борусија Дортмунд – Јувентус (1:2).