Бан: Договорот со Иран ќе создаде стабилност на Блискиот Исток

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека рамковниот договор за иранската нуклеарна програма постигнатт на преговорите во Лозана ќе отвори пат кон мирот и стабилноста на Блискиот Исток, обајви МИА.

„Едно сеопфатно, договорено решение на проблемот со иранската нуклеарна програма ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и ќе дозволи на сите земји итно да соработуваат во борбата со многу и сериозни предизвици за безбедноста, пред кои се исправени“, се наведува во соопштението на Бан.

Постигнатиот во Лозана политички рамковен договор меѓу Иран и земјите од групата пет постојани земји членки на СБ на ОН и Германија е основна етапа на патот кон потпишување на конечен договор најдоцна до 30 јуни.

Според Бан, потпишаниот рамковен договор суштински ќе ја ограничи иранската нуклеарна прогама и ќе доведе до укинување на сите меѓународни санкции против Техеран. ОН усвои четири групи санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма.

Бан изрази уверување дека потребите на Иран ќе бидат исполнети во рамките на овој договор, а истовремено ќе бидат дадени гаранции на меѓународната заедница дека нуклеарните активности на Техеран се за мирни цели.