Расправија помеѓу функционери на СДСМ во Виница во раните утрински часови во саботата резултирала со физички напад на С.Ѓ. советник од редовите на СДСМ во Општина Виница и син на командирот на сообраќајната полиција во градот врз С.Ј. секретар на ОО СДСМ во Виница, кој со видни повреди на главата завршил во штипската клиничка болница, од каде по излегувањето го пријавил настанот во полиција.
Извори од СДСМ Виница брифираат дека локалното раководство неуспешно сакало да го затскрие инцидентот, во што не успеал и градоначалникот кој иако на одмор во Грција неколку пати му вртел на тепаниот да не го пријавува настанот во полиција, повторно со ветувања за разни бенефиции.
Според извори од СДСМ, локалните функционери вршат притисок и врз локалната полиција, случајот да заврши како маргинална секојдневна тепачка.
Низ Виница се погласно се зборува дека незадоволство на активистите и членовите на СДСМ во градот е се поголемо, луѓе кои активно работеле за партијата изминатите неколку изборни циклуси, и на кои им биле ветувани работни места, сеуште не се вработени. Кога истите ќе ги потсетат функционерите на партијата на ветувањата кои им ги дале наидуваат на агресија и напад.