Барса без ударното трио на „Местаља“

Барса без ударното трио на „Местаља“
Барса без ударното трио на „Местаља“
На реванш натпреварот од полуфиналната пресметка со Валенсија, екипата на Барселона ќе настапи без најдобрите тројца фудбалери, Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез.

Тренерот на Каталонците со оглед на високата победа од 7:0 остварена на првата средба, реши да го одмори триото од нападот.

Покрај нив, во составот на Луис Енрике најверојатно ќе ги нема ниту Жерар Пике, Хавиер Маскерано и Андрес Иниеста поради опасност од евентуално добивање жолт картон што би значело автоматска суспензија за финалето.

Во ситуација кога Барселона на „Местаља“ носи огромна предност, се очекува шанса да добијат оние фудбалери кои оваа сезона помалку имаат мала минутажа, а носители на играта да бидат Иван Ракитиќ, Серхи Роберто, и Жереми Матје.

Натпреварот почнува вечер во 21 часот.