понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 0

Бејли: Нападите во Париз се закана за сите нас

bejli

Последни вести

Нападите во Париз се закана за сите нас. Потребна е координација, солидарност и одлучност, но знам дека ќе го надминеме ова и ќе продолжиме да се бориме енергично против тероризмот, изјави денеска во Скопје американскиот амбасадор Џес Бејли.

– Ова е закана за сите нас за која е потребно координација, солидарност и одлучност, но знам дека ќе го надминеме ова зло, ќе продолжиме да се бориме енергично против тероризмот и во исто време нема да заборавиме да покажеме сочуство, разбирање и помош за луѓето кои се обидуваат да избегаат. Ова е огромен предизвик и ние ќе продолжиме одлучно да работиме на тоа за да го решиме, рече Бејли по отворањето на конференцијата „Кризен менаџмент: Предизвици и перспективи“.

Тој истакна дека САД соработуваат со Македонија кога се соочуваше и со другите кризи порано, вклучувајќи ја и актуелната мигрантска криза, и тоа е значаен дел од соработката на двете земји.

Амбасадорот Бејли при тоа изрази задоволство бидејќи САД се еден од спонзорите на денешната конференција организирана заедно со Центарот за управување со кризи, со кој соработуваат веќе 10 години и го помагаат континуираниот процес на учење кој е дел од секој кризен одговор.

– Кризниот менаџмент има централна улога на секоја влада, која одговара во услови на поплави, земјотреси, урагани и терористички напади. Кризниот менаџмент за секое официјално лице на владата е тест како владата одговара, нејзината компетентност и тука, во овој регион и во САД луѓето очекуваат одговорност, бидејќи кога луѓето се уплашени, збунети ќе се обратат кон своите влади, рече Бејли.

Најчитани вести