Македонија

„Бело знаме“ за чисто и незагадено Охридско езеро

„Бело знаме“ за чисто и незагадено Охридско езеро

Првото бело знаме, како симбол на чисто и еколошко третирано крајбрежје на Охридското езеро, ќе му биде врачено на претседателот Ѓорѓе Иванов на петти октомври, во хотелот Инекс Горица во Охрид.

Врачувањето на белото знаме (white flag internаtional)  ќе се одржи во присуство на голем број домашни и странски гости, како и дел од дипломатскиот кор во Македонија.

111

Тоа ќе биде поставено на јарбол на плажата на хотелот кој презема обврска во наредните години да се грижи за делот на крајбрежјето според строгите правила на брендот.

Основоположник на брендот white flag international е организацијата GUWAA (глобална подводна асоцијација) и нејзиниот претседател, Кристијан Чуравиќ.

GUWAA практикува чистење единствено со помош на обучени нуркачи и без користење на било каква механизација која би можела да го наруши екосистемот.

Активностите во земјава ќе се водат преку планирани акции на нуркачите, преку едукативни предавања во училиштата, како и преку континуирани настапи во медумите. Овој проект е добар за да се промовира туризмот во земјава, а воедно има значење и за подигнувањето на свеста за заштита на водите од национални и светски размери.