Бериќетна жетва ова лето во ЕУ

Европската Унија е на пат да ја забележи најголемата жетва на жито од 2008 година, со оглед на тоа дека членките избегнаа остра зима која го погоди конкурентниот извозник САД, наведуваат аналитичарите.

Поволните временски услови позитивно ќе влијаат на овосезонската жетва , особено во Британија, пренесувааат медиумите.

Добрите прогнози за европската жетва придонесоа за пад на меѓународната цена на житарици во последните две недели, па цената во Чикаго се намалила за девет отсто во однос на едногодишниот максимум.

САД и ЕУ се најголеми извозници на жито во светот, а 12 аналитичари и трговци кои учествуваа во анкетата на Ројтерс, прогнозираа дека овогодинешната жетва на меко жито во ЕУ ќе биде тешка 137,5 милиони тони, во однос на минатогодишните 134,3 милиони тони, што би било највисоко ниво од 139,4 милиони тони од 2008.  Исто така се очекува шестогодишен максимум од 145 милиони тони.

Благата клима од есента им овозможи на европските земјоделци да зесеат големини површини со жито, а посевите биле поштедени од остра зима. После сувиот почеток на пролетта, посевите неодамна примија погодна количина дожд.