Берлускони: Кој ќе плати 35 мил. евра за Балотели?

Сопственикот на италијанскиот калчо гигант Милан, Силвио Берлускони е во центарот на фудбалското внимание поради сензационалната изјава дека поради срамната елиминација на Италија во групната фаза, сега не може да најде клуб кој ќе одвои 35 мил. евра за услугите на контроверзниот напаЃач, Марио Балотели.

“Освен Италија и јас сум тој кој по лошо ќе го памети Мундијалот во Бразил. Да, имав купец, Балотели ќе беше продаден на еден клуб кој се натпреварува во англиската Премиер лига. Сега, по срамната елиминација на Италија, кој клуб го сака Балотели? Милан ќе заработеше околу 35 мил. евра од продажбата на Балотели”, изјави Берлускони.