Бесплатни часови по англиски и физичко за децата од градинките во Центар

На денешната седница на Советот на општина Центар за советнички прашања, советникот Томислав Лазаров во име на советниката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ иницираше идеја општината да издвои средства од буџетот за бесплатно изучување на англискиот јазик и бесплатни часови по физичко воспитување во градинките на територијата на општината.

-Децата од предшколска возраст за англиски јазик и за часови по физико воспитување мораат да плаќаат надокнада. Односно кој може и сака плаќа. Јас сум убеден дека може да се најде начин опптната тоа да го регулира и дцата бесплатно да ги косриста тие услуги. Во некои градинки изучуваат и германски јазик и тоа го прокриваат општините. Може и мора во наредниот буџет да се предвидат средства за таа намена и сите деца подеднакво да имаат можност да изучуваат англиски јазик и да корситат часови по физичко воспитување, рече Лазаров, кој додаде дека родителите за ваквите часови плаќаат по околу 400 денари.

Идејата на советникот беше прифатена од страна на градоначалникот на општината Андреј Жерновски.