Бизарно: Јапонци плаќаат некој да ги расплаче

Голем број луѓе велат дека се чувствуваат посмирено откако добро ќе се исплачат, иако многумина тоа и не го признаваат.

Затоа можеби и повеќе сакаме да гледаме романтични комедии и сакаме да читаме за топлите животни приказни. Но, во Јапонија некој одлучил да заработува на таа човечка потреба.

Руи- катсу е тренд кој се’ повеќе се шири низ Јапонија, а се сведува на тоа да платите некој добро да ве расплаче.

Руа- катсу, или „потрага по солзи“ е феномен кога неколку луѓе, не повеќе од пет, се наоѓаат во соба со марамчиња на дофат на рака. Светлата се гасат и филмот започнува. Станува збор за документарци за жртви од земјотресот во Јапонија од 2011-тата година. Луѓето го гледаат филмот, плачат, се држат за рака и се тешат.

Така изгледа класична терапија, која најчесто ја води терапевт или психолог, кој подоцна зборува со учесниците.

„Тоа е добар начин да го спречите стресот и сето тоа да ви се насобере во телото“, вели Јука Мурои, советник за двојки и повремен инструктор на вакви сесии.

Голем број од нив се чувствуваат препородено по ваквите сеанси, а влезот не чини многу. За околу 1,5 евра добиваат еден час квалитетно плачење. Само треба да се пријавите однапред, бидејќи интересот е огромен.