Бодибилдерот Мики Нечкоски главна фаца на фитнес натпревари во Австралија

Бодибилдерот Мики Нечкоски од Прилеп ги освои речиси сите титули во фитнес натпреварување под 30 години во Австралија.

Тој заминал на школување во Сиднеј пред десетина години.

Таму ја открил својатанова страст. Последниот голем успех му се случи пред десетина дена на најголемото натпреварување во сезоната, АНБ (Австралиско-азиски природен бодибилдинг) „Азија Пацифик интернешнал“.

Претходно ја освои и најдобрата титула за Сиднеј. Три од три натпревари се завршени. Се пласирал втор еднаш и прв двапати и презадоволен е од постигнатото.

Извор: Дневник.мк