понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Бомбаш самоубиец се разнесе во саудискиот град Џеда

Според државната телевизија, напаѓачот го запрел својот автомобил до џамија и болница во непосредна близина на конзулатот.

bomber

Последни вести

Напаѓач-самоубиец загина, а двајца припадници на безбедносните служби се ранети во денешната експлозија во близина на американскиот конзулат во саудискиот град Џеда, јави Си-Ен-Ен.

Според државната телевизија, напаѓачот го запрел својот автомобил до џамија и болница во непосредна близина на конзулатот. Тој им станал сомнителен на полицајците и кога тие му се доближиле го активирал експлозивот што го носел со себе. Експлозијата се случи на 10 метри од ѕидот на конзултатот.

Очевидец на настанот изјави дека местото е обезбедено од полиција, а над регионот кружат хеликоптери.

Според него, регионот бил потресен од уште три јавно контролирани експлизии, изведени од полицијата.

Претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека американските власти се запознати со информациите за експлозијата во Џеда и со саудиските колеги работат на собирање повеќе информации.

Најчитани вести