Bонредни парламентарни избори во Бугарија на 26 март

Румен Радев, новоизбраниот претседател на Република Бугарија, по оставката на премиерот Бојко Борисов мораше да распише предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 26 март.

Дотогаш службен премиер ќе биде поранешниот претседател на бугарското собрание Огњан Стефанов Герџиков. Радев ќе го распушти 43-то Народно собрание в петок, на 27 јануари.

Герџиков (70), кој во моментов е професор по право и претседател на еден арбитражен суд, беше претседател на бугарското собрание од 2001 до 2005 година.