Македонија,Политика

„Бранковистите“ во СДСМ се спремаат да го уриваат Заев

„Бранковистите“ во СДСМ се спремаат да го уриваат Заев

Крилото блиско до поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенкоски во Охрид, деновиве прават сериозни подготовки за Конгресот на партијата на кој планираат отворено да бараат смена на Зоеан Заев, дознава Охрид 1 од свои извори во партијата во Охрид.

Крилото т.н. Бранковисти според информациите Охрид 1, го предводи поранешниот пратеник Митре Вељаноски, а поддршка му даваат и неколку познати охридски фамилии децениски членови на СДСМ , како што се : Шајн, Рилкоски и бизнис крилото предводено од Јован Пупе.

Од жените како најактивна и истакната поддржувачка на крилото бранковисти е Лидија Стојановиќ која долго време ја водеше женската организација на СДСМ во Охрид, a голема поддршка за Бранко Црвенкоски јавно и недвосмислено искажува професорката Бети Баракова која со години е лојална на лидерот и спремна на саможртва за СДСМ и Црвенкоски.

Неофицијално во оваа група е и кандидатот за пратеник охридѓанецот Мишел Сиљаноски кој е 16-ти на листата во Петтата изборна единица.

„Мојата одлука ќе ја донесам на денот на Конгресот. Тоа ќе биде лично моја одлука, лична и самостојна,“ изјави за Охрид 1, Мишел Наумоски.

Засега од оваа група велат дека дури 80 отсто од челновите се на нивна страна, а најавуваат дека наскоро ќе почнат и јавно да настапуваат и да ги кажуваат своите ставови.

Претседателот на СДСМ, Охрид Томислав Тунтев за Охрид 1 вели дека додека не ги види кој се тие Бранковисти нема намера ништо да коментира.

„Јас не давам ни партиски ни личен став. Прво да ги видиме кој се нека се појават јавно, да ги видиме кој се па потоа ќе дадеме став. Во недела е конркесот и таму се поканети сите делегати и тие ќе го кажат ставот. Ако се некој од нив во делегатите и ако сега прават и врбуваат тоа не ми е познато и не се замарам. Немам ни личен ни партиск истав околу ова прашање,“изјави Тунтев.