Братот на убиениот малолетник вмешан во убиството?!

По хоророт кој се случи на Велигден, кога беше усмртен шестнаесетгодишниот Марко Ј. во училишен двор во белградската населба Калуѓерица, Србија е завиена во црно.

Дваесетгодишниот Милош Ј. кој е брат на убиениот малолетник и уште двајца негови врсници, се задржани во притвор, под сомнение дека се замешани во грозоморното убиство кое се случи во понеделникот.

Куршумот му бил испукан од зад грб, и за жал веднаш го усмртил. Новите детали покажуваат дека најверојатно момчето било убиено по грешка. Едно од трите лица кои се приведени, рекло дека донело пиштол во училиште бидејќи некој му се заканувал. Неговиот брат во полиција кажал дека му бил свртен со грб на братот додека умирал. Кога слушнал како тој крикнал, веднаш се свртел. Несреќното момче успеало само да го довикне името на братот и за жал ги затворило очите.

Марко утре ќе биде испратен во вечното живеалиште.