Бред Пит: Сакам кога Анџелина ми наредува, тоа е многу секси!

Ако Бред нема проблем со тоа, немаме ни ние. Иако за поголемиот дел од паровите голем предизвик е да работат заедно, се чини дека во семејството Џоли-Пит никој нема проблем со тоа.

Славниот пар се запозна на сетот на филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“ во 2005. година, а наското повторно ќе се најдат на големото платно, во заеднички филм насловен како „Покрај морето“.

Но, Анџелина овој пат ќе се најде во улога на режисер, што со други зборови значи дека нејзиниот сопруг ќе глуми по нејзини упатства.

И додека поголемиот број мажи имаат проблм со тоа, славниот Бред ни најмалку не се вознемирува. Имено, него тоа му одговара.

-Неверојатно е колку уживам во тоа мојата жена да ми наредува. Таа точно знае што сака и тоа е многу секси. Во потполност и верувам, вели Бред.