БРИМА ГАЛУП: И СДСМ да нарачаше анкета, ќе ги добиеше истите резултати

Оваа агенција го спроведуваше и неодамнешното истражување за потребите на американската организација ИРИ, а кое покажа слични резултати.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во својата вчерашна реакција одговори дека „не е прв пат Зоран Заев да не го слуша и да не го цени мислењето на граѓаните“.

Тој во континуитет ги игнорира девет години. Затоа десетти пат по ред ќе го слушне нивното мислење за потценувачкиот однос што го има кон македонскиот народ. Хаосот во редовите на СДСМ е с` повидлив. Откако видовме дека веќе не знаат што говорат, сега гледаме дека не знаат ни што пишуваат. СДСМ се очигледно затворен во некој свој свет и нема контакт со реалноста и верува само на рејтинзите на партискиот институт „Прогрес“. СДСМ не сака да го види тоа што и граѓаните и реномираните рејтинг-агенции им го кажуваат. Ако пред некое време виновна за катастрофалниот рејтинг им беше реномираната ИРИ, денес за тоа е виновна и реномираната „Брима Галуп“, потенцира оваа партија.

Оттаму додаваат дека „граѓаните на 24 април ќе го потврдат тоа што рејтинг-агенциите им го покажуваат“.

А тоа е дека деструктивната политика на СДСМ базирана на манипулации и лаги не поминува. Поразот на СДСМ е се поевидентен. Остануваат само уште 132 дена тоа да се потврди, се наведува во реакцијата.