(ФОТО) Британија завиена во тага – Едноминутно молчење за жртвите во Тунис

Британија завиена во тага - Едноминутно молчење за жртвите во Тунис

Со едно минутно молчење, почит на загинатите во терористичкиот напад во Тунис денеска им одадоа кралицата на Велика Британија, премиерот, голем број граѓани и членовите на семејствата на жртвите.

Една недела по страотниот масакр на плажата во Суз, точно на плане е објавено еден минутен молк во цела Британија. Знамињата се веат на половина копје  на Бакингемската палата, Парламентот и безброј други објекти низ земјата.

Кралицата и Војводата од Единбург, кои се во посета на Глазгов, денеска на пладне, застанааа во спомен на жртвите од масакрот.

kralica

 

fudbaler

Фудбалерот Овен Ричардс во прегратка со својата мајка, се приклучи на едноминутно молчење во Волсал. Тој во терористичкиот напад ги загуби својот брат Џоел,  вујкото Адријан Еванс и дедото Патрик Еванс.

sus-turisti1

Туристите се собраа на плажата во Сус, да им одадат почит на 38-те убиени лица минатиот петок на плажата во Сус.

sos1

На Вимблдон, натпреварите започна во 12.15 часот, наместо вообичаено во 11.30 часот, да им овозможи на играчите, вработените и навивачите да учествуваат во тишината.

policija

Полициските службеници на првенството во тенис застана со наведнати глави.

 

kriket1

Крикет играчите на Есекс и Австралија се построија за минута тишина да се сетат на тие ги загубија своите животи во Тунис.

 

formula

Возачот на Формула 1 Нико Розберг, заедно со својот тим денеска им одадоа почит со едноминутно молчење на жртвите на терористичкиот напад.

 

zrtvi

kolona
Кралската авијација ги врати дома 30 Британци – жртви на нападот во Тунис.