четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 37

Брза диета со грозје: Го чисти организмот и ги намалува килограмите

Диетата со грозје не само што е добра за губење килограми, туку и за подобрување на метаболизмот и за чистење на телото од токсините.

dieta-grozje

Поврзани вести

Диетата со грозје не само што е добра за губење килограми, туку и за подобрување на метаболизмот и за чистење на телото од токсините.

Кога избирате грозје, определете се пред се за она со семчиња затоа што содржи поголемо количество полифеноли и го забавува процесот на стареење.

Оваа диета е мошне лесна за одржување, а нема да чувствувате глад. Некои студии покажаа дека со конзумирање  грозје се намалува ризикот од рак на белите дробови, па затоа оваа дите особоено им се препорачува на пушачите.

Грозјето е богато со минерали како што се калиум, магн езиум, железо, калциум, фосфот и кобалт. Овие супстанци го подобруваат работењето на мозокот, ја зајакнуваат мускулатурата… Грозјето е добро и за здравјето на бубрезите. Ова овошје содржи 20 отсто шеќери, па има голема енергетска вредност. Има доволно витамин Ц, но најважно е што е богато со б иофлавониси, антиоксиданси што ги штитат ќелиите од штетното  влијание на слободните радикали.

Најдобриот извор на флавоноиди е сокот од црно грозје. Не треба да се занемари ниту важноста на семенките што делуваат на намалувањето на холестеролот.

Што треба да правите?

Диетата трае 3-7 дена. Во текот на првите три дена може да загубите 2 килограми. Ако се одлучите за тридневна диета, купете 4 килограми грозје и следете го ова правило: првиот ден јадете половина килограм грозје, вториот ден 1, 5 килограм, а третиот 2 килограми.

Паузите  помеѓу оброците треба да бидат околу два часа. За време на оваа диета можете да пиете растителни чаеви или негазирана вода. Ако се определите за седумдневна диета, подгответе се за изгладнување.

Првиот ден немојте ништи да јадете, а пијте само негазиран а вода, растителен или зелен чај. Така ќе ги исчистите внатрешните органи. Во текот на наредните шест дена редовно јадете по 1, 5 килограми грозје.

Со оглед на тоа што грозјето во големи количини може да доведе до констипација (затвор), настојувајте во текот на денот да се движите повеќе, а би било добро и да правите некои полесни вежби.

Како и за секоја друга диета и за оваа ви е неопходна челична волја, затоа што е тешко цела недела да јадете само грозје. Затоа се препорачуваат и растителни чаеви што ќе го ублажат стресот.

Забележени се случаи за време на диетата, поединци да почув атвуваат главоболки и да почувствуваат болки во грбот. Ако ви се случи тоа, пијте врела вода и испробајте масажа. Доколку состојбата не се подобри, прекинете со овој режим на исхрана. По 1-2 месеци можете да ја повторите диетата.

Сепак, ако в и се чини дека нема да имате доволно волја неколку дена да јадете само грозје, тогаш пробајте еднодневна диета, која е  добра за чистење на организмот, со оглед на тоа што в о грозјето има многу вода, минерали, витамин и, како и  целулоза што ќе ве засити.

Со оваа диета ќе го подобрите варењето, ќе ги исчистите цревата, а ќе загубите и некој килограм. Од вас се очекува единствено во текот на целиот ден, кога сакате, да јадете грозје, вкупно два килограми во текот на целиот ден.

Најчитани вести