Бундесбанк: „Грекзитот“ ќе ја чини Германија над 14 милијарди евра

Евентуалниот „Грекзит“ ќе ја чини германската Бундесбанк над 14 милијарди евра.

Претседателот на германската Бундесбанк, Јенс Вајдман испрати предупредување до кабинатот на канцеларката Ангела Меркел, дека излегувањето на Грција од еврозоната би го чинело германскиот буџет повеќе милијарди евра, објави економскиот весник Handelsblatt, повикувајќи се на владини извори, пренесуваат странските новински агенции.

Весникот наведува дека Вајдман предупредил дека трошокот за „Грекзит“ би му наштетил на профитото на Бундесбанка, што се прелева во буџетот.

Додава и дека загубите на Бундесбанк би биле поголеми од 14,4 милијарди евра, веќе без да се земат во предвид одредбите поврзана со должничката криза во еврозоната, бидејќи банката би изгубила на грчките обврзници купени од ЕЦБ.

Сепак, тој нагласува дека тоа не е единствениот проблем со кој што Германија би се соочила при евентуален „Грекзит“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.