четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 56

Царинската управа органиизра обуки за правата од интелектуална сопственост

Царинската управа на Република Македонија денеска ќе ја организиира втората од двете обуки од областа на интелектуалната сопственост. Обуката е на тема „Следење на интернет“ а има цел да ги прошири знаењата на вработените за постапките на контрола на примена на законите во интернет трговијата.

управа

Поврзани вести

Првата обука беше организирана вчера на тема „Соработка и мрежно поврзување за ефикасна борба во врска со правата на интелектуална сопственост и слични кривични дела“. На обуката беа разменети искуства помеѓу институциите за спроведување на законот, нивни задачи и надлежности во однос на темата, а обезбедена е и основа за оперативна соработка и заеднички пристап кон проблемот на институциите.

Двете обуки се организираат во рамки на твининг-проектот на ЕУ за зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост. Покрај од Царинската управа, на обуките учествуваат претставници од Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови, Државниот пазарен инспекторат, Државниот завод за индустриска сопственост и Координативното тело за интелектуална сопственост.

На ваков начин Царинската управа придонесува кон јакнење на соработката помеѓу институциите и градење професионален и стручен кадар за справување со предизвиците во борбата против злоупотреба на правата од интелектуална сопственост, наведува Управата.

Најчитани вести